Црвениот крст соопшти дека на апелот за помош на настраданите од пожарот во Кочани собрани се повеќе од два милиони евра.
„Во апелот на Црвениот крст на РСМ, заклучно со денеска се собрани 128.011.651,00 денари за настраданите од пожарот во Кочани“ се наведува во соопштението.
Денеска е извршен трансфер на средства на 62 семејства на починатите лица. Досега на настраданите семејства вкупно се исплатени 86.100.000,00 денари.
Црвениот крст заедно со партнерите продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на населението.