Црвените „кловновски“ чизми не се само интернет-шега, ќе чинат околу 300 евра

Во медиумите деновиве се појавија фотографии од девојка која носи необично големи црвени „кловновски“ чизми, па овој дизајн скоро веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Чизмите за коишто многумина мислеа дека се добра шега и послужија како основа за низа други „меме“-досетки и колажи, всушност, се нов производ од уметничкиот колектив „МСЦХФ“ (MSCHF) од Њујорк, САД. Тие наскоро, т.е. на 16 февруари ќе бидат објавени за интернет-продажба. Според првичните информации, чизмите чинат 350 американски долари (околу 326 евра).
Иако луѓето се навикнати на необичните креации на овој уметнички состав, овие обувки веќе се нарекуваат „чизми за кул цртан 3-Д свет“. Некои забележаа и дека овие чизми воопшто не се практични, на пр., за возење автомобил, но и секојдневието воопшто.

Дали интернет-критичарите се во право, ќе се види наредниов период.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.