,,Црвените ѓаволи” имаат нов напаѓач! Вегхортс се пресели на Олд Трафорд

 Холандскиот напаѓач Воут Вегхорст потпиша договор со Манчестер јунајтед и ќе биде дел од екипата како позајмен играч до крајот на сезоната, објави премиерлигашот на својот Твитер профил.

Вегхорст беше позајмен на Бешикташ од Барнли, а за неговите услуги Манчестер јунајтед плати 2.6 милиони фунти.

„Се чувствувам привилегиран што му се приклучувам на Манчестер јунајтед. Играв против клубот во минатото и фантастично е чувството што сега имам можност да го облечам прославениот црвен дрес. Видов напредок на Јунјатед под водство на Ерик тен Хаг и едвај чекам да почнам да играм“, порача Вегхорст на промоцијата во Манчестер.

Холандскиот репрезентативец се истакна на неодамнешното Светско првенство кога беше двоен стрелец во полуфиналето против Аргентина, откако влезе во игра во 78. минута. 


Пронајдете не на следниве мрежи: