Во овој момент не постои простор за некаков поголем оптимизам ниту за наредните неколку години. Во Европската унија посебно кај т.н. „стари и највлијателни членки се повеќе се зајакнува ставот прво реформа на Европската Унија, па дури потоа ново проширување- изјави Бранко Црвенковски на настанот „Македонија помеѓу Отворен Балкан и Берлинскиот процес- можно ли е побрзо членство во Европската Унија“. Според него не се знае за каква реформа станува збор, на кој начин ќе се спроведе и во кој временски период.
-И нешто многу побитно. Било каква реформа во Унијата може да се спроведе со едногласна поддршка на сите членки , а како што можеме да видиме дека целосен консензус е тешко да се постигне дури и за помалку важни прашања од тоа каков статус ќе имаат и кои привилегии ќе ги изгубат одредени земји со тие промени- вели Црвенковски.
Тој вели дека мора да признае дека за него се многу нелогични и без реална поткрепа изјавите без разлика од каде се и од кого доаѓаат дека ако сега ги отпочнеме преговорите за 4,5 или 7 години ќе станеме полноправна членка на унијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: