Црвеното месо поврзано со зголемен ризик од рак на дојка

Честата конзумација на црвено месо во раната детска возраст може да доведе до благо зголемување на ризикот од рак на дојка, тврдат научници од Харвард.
Според нив, намалувањето на конзумацијата на црвено месо и честиот внес на мешунки, јаткасти плодови, риба и пилешко доведуваат до намалување на изгледите за развој на рак на дојка.


Новите резултати се темелат врз анализата на податоците собрани од околу 89.000 жени на возраст од 24 до 43 години. Некои поранешни истражувања веќе ја поврзаа претераната конзумација на црвено месо и месни преработки со зголемување на ризикот од рак на дебелото црево, наведува „British Medical Journal“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.