Црвен метео аларм во Црна Гора, најавено невреме

Во централните и јужните делови на Црна Гора денеска е на сила црвен метео-аларм, така што оваа област ќе биде под силно влијание на циклонска активност што ќе предизвика многу нестабилно време, интензивен дожд и силен јужен ветер.
Во крајбрежните и повисоките континентални региони, особено во планинските области на север, се очекуваат обилни врнежи од дожд со засилен јужен ветер.
Синоќа, поради обилните врнежи од дожд, имаше свлечиште во Брајичи, што предизвика возилата наизменично да сообраќаат по една лента.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.