,,Црната чума” се врати! Болеста која убила милиони луѓе во средниот век се појави во Америка: Еве што се знае за причината за инфекцијата

Во Колорадо, поконкретно во округот Пуебло, јужно од Денвер, е забележан нов случај на чума кај луѓето.Американските здравствени власти засега не соопштуваат каква е состојбата на пациентот и како се заразил, но предупредуваат дека се работи за потенцијално смртоносна болест која ја пренесуваат глодари и болви, а во средниот век убила милиони луѓе.Според податоците на епидемиолошките служби во САД, за 20 години од чума починале шеснаесет лица, а последната жртва е забележана претходно во југозападниот дел на Колорадо.Чумата е многу ретка кај луѓето, според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), со просек од седум случаи годишно. Светската здравствена организација (СЗО) регистрира од 1.000 до 2.000 случаи на чума годишно, главно во руралните области на Африка, Азија, Јужна Америка и САД. Симптомите вклучуваат ненадеен почеток на треска, силна главоболка, болки во мускулите, гадење, повраќање и отечени лимфни јазли.Бактериите од чума обично се пренесуваат од глодари и болви на луѓето со каснување, допирање или гребење на кожата на заразените животни. Може да се пренесе и на луѓето со вдишување капки плунка од заразено лице или животно.„Ги советуваме граѓаните да се заштитат себе си и своите миленици од чума“, изјави Алиша Солис, службеничка од Министерството за здравство во Пуебло.Затоа здравствените власти препорачуваат жителите да ги заштитат своите домови од глодари и да избегнуваат контакт со мртви животни.

Пронајдете не на следниве мрежи: