Црна Гора: Домар во училиште злоставувал малолетна ученичка

Четириесет и седумгодишниот Н.М. е уапсен под сомнение дека сексуално злоставувал малолетничка од училиштето каде што работи како домар, соопшти црногорската полиција, наведувајќи само дека станува збор за училиште на северот на државата.

Припадниците на Регионалниот центар за безбедност „Север“ во соработка со службениците на Секторот за гранична полиција го спречија обидот за бегство на осомничениот (47), го пронајдоа и го приведоа во службените простории, се наведува во соопштението на Полициската управа, пренесува Вијести.

Се додава дека мажот е лишен од слобода по наредба на Вишото државно обвинителство поради сомнение дека сторил кривично дело недозволена полова активност.

Тој е осомничен за сексуална злоупотреба на малолетничка во јуни и септември 2022 година, како и на 19 мај годинава во просториите на училиштето во кое чуварот работел а девојчето била ученичка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.