Црна Гора ќе стане првата следна членка на ЕУ, тврди Ѓукановиќ

Единствено обединета Европа е стабилна Европа, рече претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, обраќајќи се пред студентите на Оксфорд. Без разлика дали ќе биде или не членка на ЕУ, на своите граѓани ќе им обезбеди европски стандард, истакна тој додавајќи дека Црна Гора не е оптоварена со рокови.
За односите меѓу Москва и Подгорица и судирите на глобалната сцена, Ѓукановиќ искоментира дека и покрај дипломатската традиција и пријателството од неколку векови, изгубена е можноста Црна Гора да балансира меѓу традиционалното пријателство, и решеноста да живее во чекор со новото време и неговите вредности.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.