Црногорскиот премиер најави драконски мерки за оние кои нема да го предадат нелегалното оружје

Црногорскиот премиер Милојско Спајиќ вечерва по седницата на Советот за национална безбедност најави дека секој што легално поседува оружје во таа земја до крајот на годината мора да помине психолошки и безбедносни проверки за да им се продолжи дозволата за чување, додека оние кои држат нелегално треба во следните два месеци доброволно да го предадат за да не бидат ригорозно казнети.

Спајиќ оцени дека трагедијата во Цетиње е „голем товар за државата“, нагласувајќи дека седницата на Советот на која присуствувал „била една од најтешките“.

„Лично би сакал да им се заблагодарам на црногорските медиуми кои работеа многу професионално. Навистина сум горд на медиумите. Разбирам и во вакви моменти мислам дека е првенствено важно да се обединиме како народ во тага и болка“, рече Спајиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: