Во повеќе црногорски градови граѓаните со палење свеќи им оддаваат почит на жртвите од масовното убиство во Цетиње. Дванаесет лица го загубија животот, а четворица се ранети во тешка состојба. Во Црна Гора е тридневна жалост. Владата на Република Српска одлучи денеска 3 јануари да се прогласи за Ден на жалост во Република Српска. Одржана е вонредна седница на Советот за национална безбедност. Една од темите е итно донесување на новиот Закон за оружје.
По повод масовното убиство што се случи пред два дена во Цетиње, одржана е вонредна седница на Советот за национална безбедност која ја закажа премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.