„Затоа што заедно ја испишавме историјата на демократските промени во државата. Како и досега, исклучиво водејќи се од интересите на граѓаните, како претседател на Црна Гора сите мои капацитети ќе ги насочам кон остварување на клучните државни приоритети“, напиша Милатовиќ на својот профил на мрежата Икс
Од Движењето Европа сега (ПЕС) велат дека одамна била забележлива неговата намера да ја опструира работата на 44. Влада на Црна Гора и ПЕС, а тоа, како што велат, кулминирало со неговото денешно заминување од партијата за кое велат „добро е што Милатовиќ сфатил дека е време да си замине од ПЕС, за да не трпи општеството поради лично незадоволство“
Заменик-претседателот на Движењето Европа сега и актуелен претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ поднесе оставка од сите функции во партијата.
„При формирањето на Движењето Европа сега, им ветивме на граѓаните транспарентност во работата, рационален и аргументиран дијалог за политики кои се инклузивни и одржливи. Во исто време ветивме дека компетентноста и личниот интегритет ќе бидат одлучувачки фактори за вработување и напредување. Исто така ветивме поинаква политичка култура заснована на почитување на различностите и афирмација на европските вредности. Досегашниот начин на работа е спротивен на ветувањата и вредностите што ги имав предвид при создавањето на Движењето. Поради оваа причина, давам оставка од сите функции во Движењето“,
напиша Милатовиќ на својот профил на мрежата Икс.
Тој додава дека Движењето Европа сега е и ќе остане важен дел од него.
„Затоа што заедно ја испишавме историјата на демократските промени во државата. Како и досега, исклучиво водејќи се од интересите на граѓаните, како претседател на Црна Гора сите мои капацитети ќе ги насочам кон остварување на клучните државни приоритети“,
додава Милатовиќ.
Prilikom osnivanja Pokreta Evropa sad!, građanima smo obećali transparentnost u radu, racionalan i argumentovan dijalog o politikama koje su inkluzivne i održive.
Istovremeno, obećali smo da će kompetencije i lični integritet predstavljati odlučujuće faktore pri zapošljavanju i…
— Jakov Milatovic 🇲🇪🇪🇺 (@JakovMilatovic) February 24, 2024
По објавата на Милатовиќ за поднесената оставка, од Движењето Европа сега (ПЕС), како што пренесуваат црногорските медиуми, во соопштение велат дека одамна била забележлива неговата намера да ја опструира работата на 44. Влада на Црна Гора и ПЕС, а тоа, како што велат, кулминирало со неговото денешно заминување од партијата.
Во соопштението, наведуваат и „добро е што Милатовиќ сфатил дека е време да си замине од ПЕС, за да не трпи општеството поради лично незадоволство“.
Црногорксите медиуми пренесуваат оти и поранешните сопартијци му порачале на Милатовиќ „важно е Црна Гора да го задржи она што го кажа во оставката, а тоа е конечно да почне да работи во интерес на граѓаните наместо лична промоција“.
ПЕС објави дека од преземањето на власта, придонеле за намалување на тензиите во општеството и решавање на проблемите преку дијалог со сите политички и општествени чинители.
„Овој дијалог резултираше со избор на клучни позиции во судството, успешен попис и зголемување на минималните пензии на 450 евра, како прв чекор од програмата Европа сега 2“,
се вели во соопштението на ПЕС.
Од ПЕС додаваат и дека го деблокирале процесот на европска интеграција и дека Црна Гора е поблиску до влез во ЕУ од кога било досега.
Милатовиќ доминантно го победи Мило Ѓукановиќ во вториот круг од претседателските избори на почетокот на април минатата година, освојувајќи 60 отсто од гласовите. Уставот на Црна Гора предвидува претседателот на државата да се избира на непосредни избори на пет години.
Тој е економист по професија. Беше министер за економски развој во владата на Здравко Кривокапиќ, кога всушност и почна да се занимава со политика, односно по 30 август 2020 година, кога коалицијата на партиите на власт во Црна Гора по првпат ја победија ДПС на Ѓукановиќ и ја испратија во опозиција.