Грозјето – овошје и лек
Грозјето е плод на растението од родот Vitis или винова лоза, порано вината се означувале според подрачјата каде е одгледано грозјето, но подоцна заради појавувањето на огромниот број на производители на вина тие почнале да се означуваат според сортата на грозјето.
Ова, за многумина омилено овошје, кое потекнува од Средниот Исток се одгледува од пред речиси 8.000 години и може да се консумира свежо или исушено, како сок, џем или вино.Грозјето не само што освежува, туку е и многу вкусно и здраво овошје.
Освен тоа се користи и како природен лек за чистење на крвта, го регулира варењето на храната, ги отстранува масните наслаги на телото, ги лекува воспалителните процеси во органите за варење, и ги ублажува ревматските болки и кожните алергии. Истражувањата ги потврдуваат неговите лековити својства во превенција на канцер, срцеви заболувања, висок крвен притисок и остипација.
Грозјето има високи нутритивни вредности, па така во 100 г има околу 70 калории и 1 грам протеини, а богато е и со витамините Ц и К, во помала количина витамини од групата Б, и витамини Е и А. Од минералите грозјето е богато со калциум, бакар, манган и железо.
Црно или бело грозје?
Црното грозје изобилува со антиоксидансот ресвератол кој особено благотворно делува на кардио-васкуларниот систем, а содржи и флавоноиди, па затоа стручњаците ќе ви кажат дека е подобро да јадете црно отколку бело грозје.
Белото грозје не содржи толку хранливи материи како црното, но е добар извор на витамините А, Ц и К, како и на минералите калциум и железо, па затоа не би требало да го одбегнувате.
Маџун
Гроздовиот слад или маџун е извонреден природен производ добиен од гроздов сок, без додатоци на шеќер и конзерванси. Многу е здрав и особено се препорачува да се консумира за подигање на имунитетот, за подобрување на општата здравствена состојба, а се користи и како лек за анемија.За 1 тегла маџун потребни ви се 6 кг грозје. За добивање поголема количина маџун треба да ги избирате поблагите сорти грозје. Маџунот е многу лесен за подготовка, освен што откако ќе почне да се згуснува треба постојано да се меша, за да не се карамелизира гроздовиот шеќер кој во овошјето го има во голема количина. Грозјето може да го сомелете во машина за мелење месо или да го изгмечите со раце. Се процедува и се вари само сокот, отприлика додека количината не се преполови и се полни во топли тегли.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.