Речиси 30.000 луѓе загинаа во земјотресите што во понеделникот ја погодија јужна Турција, според најновите податоци на турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Како што наведува агенцијата, досега се регистрирани 29.605 жртви на земјотреси, пренесува Анадолија.
Според АП, досега во земјотресите што ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија загинаа 33.179 луѓе, а се очекува тој број да се зголеми бидејќи спасувачките тимови ќе најдат тела во урнатините.
Според последните објавени податоци за Сирија, во земјотресите во таа земја загинале 3.575 лица.





