Црн ден за Загреб од почетокот на пандемијата: Короната потврдена кај 705 луѓе за еден ден

Главниот град собори уште еден рекорд. Денес има 705 нови случаи на инфекција со коронавирус во Загреб, а над 1.900 лица биле тестирани.

Хрватска и вчера го собори рекордот на национално ниво. Таа имала повеќе од 1.400 нови пациенти за 24 часа, пренесува порталот 24сата.хр.

 Во средата во Загреб имало 337 нови случаи, а биле тестирани нешто повеќе од 1.500 лица.

 Дека бројот на заразени лица во хрватската метропола ќе порасне, предупреди д-р С.Ц. Бранко Колариќ во емисијата „Добро утро, Хрватска“ на ХТВ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.