среда, 25 ноември 2026
Најново

ЦУК апелира: Внимателно движење, дождот предизвика проблеми во овие делови од Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и општина Тетово, се забележани проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова предизвика создавање локви и задржување на вода под подвозниците и надвозниците, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

ЦУК апелира до граѓаните на зголемена внимателност при движење низ улиците и да се избегнува сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.

Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на проблемите.

Поврзани вести