По повик на главниот инспектор за ловство Зоран Вуич, денес рано изутрина екипа од Зоолошка градина Скопје составена од Милошевски Јорданчо – биолог и Сашо Панчев – ветеринарен техничар, се упати во близина на Дебарски Бањи, месност викана Пијане каде возрасна кафена мечка (женка) била фатена во стапица за диви свињи.
Бидејки се уште не е формиран интервентниот тим на државно ниво за справување со големи цицачи (неговото формирање е во крајна фаза), тимот од Зоолошка градина Скопје заедно со инспекторот за ловство излегле на лице место, со специјално средство ја успале исплашената мечка која била фатена со сајла околу градниот кош, ја ослободиле од стапицата и и’ ги исчистиле раните од сајлата кои не биле големи.
Откако се освестила од опојнито средство мечката заминала.
Целата оваа интервенција се одвивала во присуство на полицајци од полициската станица Дебар.
Благодарност до полицијата, ловочуварската служба на ловиштето Канеш Стогово и месното население.
Посебно голема благодарност до тимот од Зоолошка градина Скопје кои на стручен начин успеаја да ја спасат уловената во стапица мечка.