Цуцуловски: Бескрајно тонење

БЕСКРАЈНО ТОНЕЊЕ.
Директорот на Државниот завод за статиска, Апостол Симовски, изјави дека л и ч н о (како Заводот да е негова лична сопственост) не гледа причина зошто во наредниот попис би постоела графа за национална (етничка) припадност, бидејќи тој податок ништо не би помогнал во идната изградба/развој на Државата. Во прилог на своето размислување, реторички праша дали етничката припадност би помогнала во изградбата на нови улици (!?). Меѓутоа, ништо не изусти за следниве две прашања. (1) Дали јазичката припадност, за која со сите свои сили се залага, би помогнала во планирањето и изградбата на идните улици, патишта, во земјоделието, сточарството, или во стопанството воопшто. (2) Ако сегашната т.н. влада се откажа од македонското малцинство во Бугарија и Грција и, според тоа, нивните Влади не се должни да го попишуваат, и ако и во пописите во Република Македонија нема да се регистрира етничката припадност (значи, нема да се регистрират/попишуваат и Македонците!), тогаш каде би можеле официјално да се попишуваат/регистрираат и како ќе се знае колкава е нивната бројност? Или, можеби, нивното постоење не е ни битно (можеби и ги нема?), па и нема потреба статистичи да се регистрираат, ниту да се знае нивната бројност – во Република Македонија и во светот воопшто?
Се чини дека тонењето, од секаков вид, нема крај.
За образ и да не говорам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.