ДАЛЕКУ ОД УМОТ Е… Далеку од умот е да се бара амнестија пред некој да биде конечно осуден, односно пред дефинитивно да биде утврдена неговата законска вина. Меѓутоа, така е во земји во кои владе умот, односно во кои судството и прогонот не се во функција на кренати два прста за носење на одлуки, ниту се партизирани, ниту се политизирани, ниту се суди и прогонува според етничката припадност.
Меѓутоа, во земји во кои се носат одлуки независно од Уставот и законите; во кои се суди селективно и пристрасно (според партиската или етничката припадност); во кои не се знае според кои критериуми некои обвинети се ослободуваат од притвор, а други се ставаат во притвор; во кои владее правилото да нема правило, освен правилото на моќта, ризично е да не се искористи можноста што ја дава Законот за амнестија, бидејќи не се знае каков ќе биде крајниот резултат – дали ќе биде според правдата и правото или наспроти нив.
Оттука, ретки се тие кои нема да ја искористат проблематичната законска можност за амнестија. Затоа, дотолку повеќе за почит се оние кои оваа можност нема да ја искористат, потврдувајќи дека се длабоко убедени во она за кое се залагале и за кое им се суди.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.