ЦУЦУЛОВСКИ: ДУРИ И ЕНГЕЛС…

Еден од најгрозните текстови против Словените воопшто (од кој се исклучени единствено Полјаците) и во кој се бара нивно физичко истребување, е текстот на Фридрих Енгелс „Унгарска борба“, првпат објавен во весникот „ Neue Rheinsche Zetung“, бр. 194 од 13.01.1849 година. Во него Енгелс пишува:
„Австрија… во раниот среден век беше земја населена исклучиво со Словени. Според јазикот и обичаите, тие Словени припаѓаат на истото племе на кое припаѓаат Словените во Турција – Срби, Бошњаци, Бугари, тракијски и м а к е д о н с к и Словени.“
Колку текстот и да е шовинистички грозен, колку од него да извира омразата кон сѐ што е словенско, во него Енгелс сепак прави јасна дистинкција помеѓу Бугарите и Македонците, како засебно племе од племето на Бугарите. Веројатно таа дистинкција ја направил по директен диктат на Сталин, Тито и Димитров, користејќи се со непозната временска машина, бидејќи во времето кога го пишувал тесктот Сталин, Тито и Димитров биолошки не биле ни зачнати, уште помалку родени. За самите Бугари пишува:
„Бугарите, племе кое во средниот век било најсилно и најстрашно, сега се во Турција познати само по својата благост и меко срце, па својата слава ја бараат во тоа што самите се нарекуваат добри chrisztian – добри христијани!“
Сарказмот на Енгелс, по сѐ изгледа, нема крај.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.