ЦУЦУЛОВСКИ: ЕГОИЗАМ И ЛИЦЕМЕРИЕ

ЕГОИЗАМ И ЛИЦЕМЕРИЕ. Досега, без исклучок, сите албански партии сметаа дека влезот во ЕУ и НАТО нема цена, вклучувајќи ја и промената на Уставот, како и сè што следи со неа: македонска нација, јазик, историја, ревизија на учебниците… Сега, кога треба да се гласа за промена на Уставот (како неопходен услов за влез во ЕУ и НАТО) Беса и Алијансата на Албанците, го условуваат своето гласање со конкретни етнички барања. Притоа, барем засега, небитна е природата на нивните барањат/ултиматуми. Многу побитно е дека овие партии, од една страна, тврдат дека влезот во ЕУ и НАТО е над сè (нема цена) но токму сега (кога треба да се оствари нужниот услов) има цена. Следи дека кога се работи за правата и интересите на другите (на неалбанците) може сè да се погази, ниту треба да се почитуваат било чии чувства, но кога се во прашање нивните права и интереси, тогаш има цена. Ваквиот однос е израз на краен егоизам кој, освен за себе и за сопствените интереси, не знае за ништо друго. Колку и да се трудат овој факт да го прикријат, самите (со своето поведение) го откриваат.
П.С. Мојот став за промена на Уставот, името, јазикот, историјата… и понатаму останува непроменет. Против сум било каква промена.
П.П.С. Односот на Заев, како и на властите воопшто кон целава циркусијада е посебна сказна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.