Цуцуловски: Еден човек, прашал друг човек, дали верува во духови!

ВЕРУВАТЕ ЛИ ВО…?

Откако се појави феноменот корона, се поделивме на оние кои веруваат во нејзиното постоење и на оние кои не веруваат во нејзиното постоење. Тоа ме потсети на една досетка со која се послужив во мојот магистерски труд „Религијата и моралот“, одбранет 1982 година.

Еден човек, прашал друг човек, дали верува во духови. Другиот одлучно, без двоумење, одговорил: „Не верувам дека постојат! Меѓутоа, од нив се плашам.“ Така и ние – верувале или не во постоењето на короната, од неа стрепиме. И, што е позначајно, постоела или не, таа од корен ги промени/разоткри нашите животи, нашите вредности, нашите стравувања и нашите надежи.

Цуцуловски: Во една ноќ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.