ЦУЦУЛОВСКИ: За Енгелс сме постоеле уште пред 2 века. Фрагмент од УНГАРСКАТА БОРБА

ДУРИ И ЕНГЕЛС. Во неколку текстови сум пишувал за, благо кажано, скандалозниот однос на Енгелс кон повеќето словенски народи. Денес, сепак, приложувам краток извадок од неговиот текст „Унгарската борба/Der magyarische Kampf“ од кој се гледа дека дури и Енгелс правел јасна дистинкција помеѓу Бугарите и Македонците, кои ги именува како Македонски Словени:

„Австрија, во раниот среден век, беше земја населена исклучиво со Словени. Според јазикот и обичаите, тие Словени припаѓаат на истото племе на кое припаѓаат Словените во Турција – Срби, Бошњаци, Бугари… и Македонски Словени.“

Текстот првично е објавен во весникот „Neue Rheinsche Zetung“, бр. 194 од 13 јануари 1849 година. Значи, пред скоро два века.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.