ДО СИТЕ… „Во одност кон жената, како плен и слугинка на општественото сладострастие, е изразена бескрајната деградација во која човекот се наоѓа во однос на самиот себе, бидејќи тајната на овој однос (човек – човек, заб. Љ.Ц.) го наоѓа својот несомнен, решителен, отворен, јавен израз во однос на мажот кон жената и како се сфаќа/разбира непосредниот природен, г е н е р и ч к и однос…
Односот на мажот кон жената е најприродниот однос на човекот кон човекот. Затоа, во него се открива во колкава мера природното однесување на човекот станало човечко, или во колкава мера човечката суштина за него станала природна суштина… Од карактерот на тој однос (маж – жена, заб. Љ.Ц.)… се гледа во колкава мера потребата на човекот станала човечка потреба, т.е. во колкава мера друг човек, како човек, за него станал потреба, во колкава мера самиот тој, во своето најиндивидуално постоење, претставува истовремено и општествено суштество.“ (Карл Маркс, напишано во Париз 1844 год.)
Според тоа, обесправеноста/експлоатацијата на жената е само посебен момент од општата обесправеност на човек од човек. Затоа, посакувам многу среќа за сите несреќни, потиснати, презрени и обесправени човечки суштества на оваа планета, наречена Земја.