Цуцуловски: СОПСТВЕНОСТ

СОПСТВЕНОСТ.
Венко Филипче, заедно со власта и Комисијата за заразни болести, грижејќи се за здравјето на граѓаните, секојдневно го доведуваат во прашање токму здравјето на граѓаните, бидејќи секој лекар знае (Филипче е лекар) дека останувањето дома, недвижењето/прошетките на свеж воздух (особено во природа) и на сонце, не само што го намалуваат имунитетот, туку и директно влијаат врз појавувањето и засилувањето на психосоматските болести. Овие, од своја страна, не само што се рефлектираат врз соматиката и имунитетот, туку директно влијаат и врз социјаното поведение на секоја индивидуа. Претходните резултати, во содејство со просторното и временско ограничување (постајано гледање во часовникот), уште повеќе се потенцираат – особено на психосоматиката. Кога ќе помине кризата (кога-тогаш, таа ќе помине) и кога на дело, со сета жестокост ќе се манифестираат претходните последици, никој од одговорните не ќе може од себе да ја тргне личната, индивидуалната вина. Велам од одговорните, бидејќи да управуваш со животите и судбините на луѓето не е само „привилегија“ и господарење, туку е, пред сѐ, о д г о в о р н о с т. Затоа, пред да се донесе одредена одлука, треба сериозно да се размисли за сите можни последици.
П.С. Додека го пишував постов, спонтано се потсетив, макар што контекстот е поинаков, на германскиот филозоф Макс Штирнер (1806–1856) и на неговото познато дело „Единствениот и неговата сопственост“, објавено 1844 година.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.