ФОРМАТИРАЊЕ.
Многу нешта се форматираат. Тоа било за нивно добро – да станат чисти, нови, исплакнати. Компјутерите се форматираат, така што им се брише старата програма и им се инсталира нова програма. Со тоа се брише и сѐ што било во нив како информација и се полнат (како да се гуски) со нови информации.
Се форматираат и магнетофонските ленти – се бришат и им се ставаат нови записи, под будното око на дежурниот Бришач/Eraser.
Некогаш се форматираа и Чехословаците, и Полјаците, и Унгарците… Требаше да бидат со голема љубов и почит кон Вршавскиот пакт и кон новиот Ерусалим – Москва, Коминтерната, Другарот Тој-и-тој.
Меѓутоа, успехот беше слаб, скоро никаков. Беше никаков, бидејќи човечкото суштество не е ниту компјутер, ниту магнетофонска лента.
Нагонот кон слободата и чувството да се биде свој, е всадено во него. Кога не би било така, тогаш човекот не би развивал отпор кон сѐ што го ограничува и форматира. Затоа, моите текстови не се во одбрана ниту на староста, ниту на младоста, туку на човештвото воопшто, бидејќи е доведено во прашање.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.