Цуцуловски – ЌЕ НЕМАЛО…

ЌЕ НЕМАЛО… На пописот ќе немало хартија, но ќе имало лаптопи. Добро, ќе има лаптопи, но ќе нема каде попишаниот да стави потпис, со кој би ја потврдил веродостојноста на дадените податоци, бидејќи не е објаснето како попишаниот (ве молам, без двосмислено читање на зборот „попишан“!) ќе се потпише во лаптоп. Ако нема потпис, нема и веродостоен попис. Тогаш, кому е потребен попис без потпис? Или, сѐ се сведува на „Верувајте ми на чесен збор!“ на попишувачот, односно власта. 
П.С. За пописот, како и за многу новонајавени промени, треба да се реагира веднаш и одлучно, бидејќи искуството покажува дека накнадните реакции, вклучувајќи ги и протестите, се попусти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.