Чавез не можел да биде „заразен“ со рак, смета руски онколог

Заболување од рак како последица од изложеност на вируси или други надворешни дејствија не може да биде причина за ракот од кој боледуваше венецуелскиот претседател Уго Чавез, односно не може да е резултат на нечија „саботажа”, изјави за РИА Новости заменик директор на Рускиот онколошки научен центар, Михаил Личиницер.Венецуелскиот претседател Уго Чавез почина во почетокот на март на возраст од 58 години во воената болница во Каракас. Тој се бореше со ракот кој му беше дијагностициран во средината на 2011 година. Заменик-претседателот Николас Мадуро за болеста на Чавез ги обвини надворешните непријатели на Венецуела, велејќи дека „постоеле соодветните траги“ за тоа.„Ракот не е заразен, тоа е важно да се знае, бидејќи тоа го определува квалитетот на грижата за овие пациенти. И никој досега не докажал дека ракот може да биде заразен“, вели рускиот научник Михаил Личиницер коментирајќи ја изјавата на венецуелскиот привремен претседател Николас Мадуро во врска со заболувањето на неговиот претходник.Истакнува дека претходно е утврдена поврзаноста меѓу папилома вирусот (ХПВ) и ракот на матката, но тоа е „индиректна поврзаност“. „Со вирусот се провоцираат преканцерозните состојби – ткн дисплазија’, вели научникот.„Станува збор за апсолутно ненаучна и полуписмена ситуација, ракот на дебелото црево (од кој страдаше Чавез -з.р.) нема никаква врска со таквите заболувања. Тоа е едно од пораспространетите заболувања. Не ги знам деталите за овој случај. Меѓутоа, ниту вирус, ниту какво и да е надворешно влијание има некаква врска“, заклучува Личиницер.
МакфаксЗаболување од рак како последица од изложеност на вируси или други надворешни дејствија не може да биде причина

Пронајдете не на следниве мрежи: