Чавез ставен на нов третман со хемотерапија

Лекарите му препишале нов третман со хемотерапија на венецуелскиот претседател Уго Чавез, кој беше подвргнат претходно на Куба на неколку онколошки хируршки интервенции , пренесува во саботата Associated Press повикувајќи се на изјава на потпретседателот Николас Мадуро.Во 2011 година, венецуелскиот претседател Уго Чавез веќе беше подложен на неколку фази на хемотерапија, кои ги спореди со лечење со бомби.Според потпретседателот Николас Мадуро, лекарите одлучиле да прибегнат кон хемотерапијата откако кај Чавез било констатирано повторно појавување на респираторната инфекција. „Тој продолжува да се бори за својот живот. Лекарите одлучија да започнат дополнителен третман со хемотерапија“, изјавил Мадуро.И други блиски соработници и роднини на венецуелскиот претседател Уго Чавез во петокот ги демантираа шпекулациите дека тој е починат по долгата борба со ракот, порачувајќи дека тој уште се бори за животот.„Тој е тука, ја продолжува својата борба, а ние сме сигурни дека ќе победи/“, изјавил постариот брат на претседателот, Адан Чавез, инаку гувернер на покраината Баринас, опкружен со симпатизери, пренесува Reuters.„Ширењето на апсурдни и бизарни слухови од страна на десничарите само ги дискредитира и ги одвојуваат од народот“, изјави зетот на Чавез, Хорхе Ареза, додавајќи дека претседателот е „смирен“ во болницата опкружен со семејството и лекарите.Пред десетина дена претседателот Уго Чавез, ненадејно беше префрлен од кубанската престолнина Хавана во воената болница во Каракас, а претходно венецуелските власти објавија фотографија од болничкото одделение, на којашто е прикажан со неговите ќерки. Истовремено, сепак, некои медицински експерти изразија недоверба во официјалните информации за здравјето на Чавез, а поранешниот амбасадор на Панама во Организацијата на американските земји, Гиљермо Кочес, изјави дека Чавез, наводно, веќе бил исклучен од апаратите за одржување во живот откако претходно доживеал клиничка смрт. Венецуелските власти во петокот ги негираа овие тврдења.Венецуелската влада побара во петокот да се престане со шпекулациите и дезинформациите за здравјето на претседателот Уго Чавез и ги обвини странските медиуми за спроведување кампања против стабилноста на земјата. Посебно потпретседателот Николас Мадуро го обвини шпанскиот весник ABC и колумбиската радио станица Caracol за ширењето лажни информации за здравствената состојба на Чавез, што според него може да доведе до дестабилизација на ситуацијата во Венецуела. Притоа, странските медиуми забележуваат дека венецуелскиот лидер не е прикажан на државната телевизија повеќе од два месеца, од периодот пред тој да замина на лекување Хавана.Од средината на 2011 година врз Чавез се направени четири операции. Во јуни 2011 година, во главниот град на Куба, венецуелскиот претседател беше подвргнат на операција поради внатрешен апсцес. Тогаш му беше отстранет малигниот тумор на цревата. На крајот од февруари 2012 година Чавез повторно беше опериран. Кон крајот на ноември минатата година, претседателот на Венецуела пак беше хоспитализиран на Куба, каде што беше подложен на физикална терапија и лекување во хипербарична комора за зајакнување на неговата општа здравствена состојба, но истовремено му беше извршена уште една операција.
МакфаксЛекарите му препишале нов третман со хемотерапија на венецуелскиот претседател Уго Чавез, кој беше подвргнат пре

Пронајдете не на следниве мрежи: