Чавков не бара амнестија

Митко Чавков, поранешен директор на БЈБ не поднел барање за амнестија, соопшти утрово неговиот адвокат, Сашко Дукоски пред почетокот на денешното рочиште за “крвавиот четврток“. Дукоски рече дека Чавков сакал да докаже пред судот дека не е виновен. Според него, Законот за амнестија е донесен и составен наменски за одредени луѓе кои се обвинети во случајот за настаните од 27 април во Собранието.
Адвокатот Дукоски смета дека судијката Кацарска е во право кога вели дека не треба таа да одлучува по барањата амнестија, туку Кривичниот совет. Наспроти нејзината изјава претседателот на Кривичен, Иван Џолев на вчерашниот брифинг рече дека за барањата треба одлучува Судечкиот совет кој го води случајот на чело со судијката Добрила Кацарска.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.