Чадор со вас обавезно: Нестабилно време со повремен дожд и грмежи

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи ќе биде времето денеска во Македонија.
Утринската температура ќе се движи од пет до 12, дневната од 19 до 25 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.
Утринската ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.