Чаеви што можат да ви помогнат да се смирите и заспиете полесно

Дали сте знаеле дека стресот може да биде причина за несоница? Иако има лекови кои ќе ви помогнат да заспиете полесно, најдобро е да се обидете со шолја чај пред спиење.
Чаевите дејствуваат веднаш, го опуштаат срцето и мускулите, може да ги пиете неколкупати на ден и ретко предизвикуваат нуспојави.
Кои чаеви ќе ви помогнат да се смирите и да заспиете полесно?
Чај од камилица
Чајот од камилица се користи за смирување, за намалување на анксиозноста и за несоница. Камилицата е полна со антиоксиданси и флавоновиди кои ја намалуваат анксиозноста и го подобруваат квалитетот на сон.
Чај од лаванда
И лавандата е една од билките која се користи за смирување, опуштање и квалитетен сон. Чајот од лаванда содржи линалил ацетат кој ја намалува анксиозноста, депресијата и ја ублажува несоницата. Не треба да го пиете само две недели пред операција.
Чај од валеријан
Валеријан е една од најпознатите лековити билки во светот и е природно средство за смирување. Треба да внимавате да не претерате бидејќи ќе предизвика чувство на поспаност, безволност и намалување на притисокот. Не треба да го консумирате ако пиете антибиотици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.