Чаир и Арачиново под полициска опсада– уапсени неколку лица доцна вечерва

Во последните два часа во повеќе делови на Скопје и на Македонија се спроведува координирана акција на единици на МВР, чија цел се членови на насилни криминални групи, пишува Плус инфо.

Во моментов забележливо е големо присуство на полициски сили во скопските општини Чаир и Арачиново, но и во други делови на Скопје.

Единиците на МВР се подготвени за бурна ноќ, бидејќи акцијата ќе се прошири и во други градови.

Повеќе детали МВР ќе соопшти во текот на утрешниот ден.

Пронајдете не на следниве мрежи: