Скопје е градот во кој се регистрирани најголем број на случаи на коронавирус во земјава.
Зад него е Тетово со 145 активни случаи, а двата града и нивните региони се сметаат за места со широко-распространета трансмисија во заедницата на Ковид-19.
Чаир, со 214 случаи, и натаму е општината со највисок број на заболени лица во Скопје. Во главниот град се регистрирани и двајца странци позитивни на Ковид-19. Детално во која скопска општина колкав е бројот на активни заболени лица од коронавирус може да погледнете во табелата во продолжение.