Чаир сѐ уште со најголем број на активни случаи, во Аеродром и Кисела Вода се намалува бројот

Скопската општина Чаир сѐ уште е на врвот по бројот на активни случаи со коронавирусот. Иако вчера бројот беше речиси идентичен со Аеродром и Кисела Вода, денешната статистика на Министерството за здравство покажува дека во овие две општини бројот се намалува, а во Чаир има два случаи повеќе од вчера.
Во Чаир има 170, Аеродром 156, а Кисела Вода 149 активни инфицирани со ковид-19.
• Чаир – 170
• Аеродром – 156
• Бутел – 87
• Гази Баба – 139
• Центар – 120
• Карпош – 120
• Сарај – 65
• Кисела Вода – 149
• Ѓорче Петров – 97
• Студеничани – 48
• Шуто Оризари – 111
• Арачиново – 24
• Илинден – 23
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 21
• Зелениково- 8
• Странец – 6
• Нераспределен- 3

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.