Чашка: Полицијата едвај ја спаси директорката од револтираните и гневни граѓани!

Нема договор за албанската паралелка во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка. Министерот за образование Јетон Шаќири не попушта, учениците ја бoјкотираат наставата, а родителите протестираат.

Секојдневните протести на родителите станаа тензични.Тие и натаму бараат оставка од директорката Елена Николова,која денес морала да побара полициска заштита за да дојде на работното место.

Адвокат од Куманово нападнат во својата канцеларија
Адвокат од Куманово вчера пријавил во полиција дека физички бил нападнат во …
Објавена листа на соработници на нацистите во Холандија
Холандските власти во рамки на проектот нарачен „Војната на суд“, објавија листа …

-Ние ги пренесовме заклучоците од состанокот и револтот е токму поради тоа зголемен. Единствено што во моментов е официјално барање од нас е директорката да се промени. Во тој случај наставата ќе тече нормално и ќе продолжиме да комуницираме со министерот и со остатите за да се најде решение, изјави за Алфа, Цвета Пешовска, родител.

Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите, е насилно и незаконски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.