Чајот од овој зачин ќе реши многу стомачни проблеми

Магодносот најчесто се користи во кулинарството, но треба да знаете дека од него можете да направите чај кој е корисен против многу болести.
Чајот од магдонос се препорачува за нередовен менструален циклус. Освен својството да ја регулира менструацијата, магдоносот може да се користи и за лечење на проблеми со бубрезите. Можете да верувате во лековитите својства на магдоносот и ако имате инфекција на мочните патишта или камења во бубрезите, сметаат специјалистите. Тврдат и дека чајот од магдонос може да биде ефикасен кај ракот на дебелото црево и ракот на грлото на матката.
Магдоносот е богат со фолна киселина, а тоа е од големо значење за кардиоваскуларниот систем кај секој човек. Во магдоносот има многу витамини, може да не заштити од висок холестерол, па дури и да ни го намали крвниот притисок. За ефектот на организмот да биде траен, треба често да пиете чај од зелениот зачин.


Друго корисно својство на чајот од магдонос е што ги отстранува гасовите и ги смирува цревата. При редовна употреба на чајот ќе забележите и подобрување во варењето. Бидејќи билката е многу богата со железо, често се препорачува на луѓе кои патат од анемија. Чајот од магдонос ќе му помогне на организмот да ги исчисти насобраните токсини. Магдоносот го отстранува и непријатниот здив во устата. Можете да се потпрете на него по јадењето на лук и кромид, бидејќи неколку гранчиња магдонос или шолја чај можат да го неутрализираат мирисот.
За дома да направите чај од магдонос потребно ви е само растението и 600 милилитри вода. Ставете ја водата во сад на оган и потоа во неа ставете исецкан магдонос. Оставете да се вари десетина минути. Убаво е таа количина да ја пиете дневно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.