Чебрен и Галиште ќе почне да се гради 2028! Лабудовиќ за дата-центрите: Не може да крепиме економија со пипер и патлиџан

На крајот на мандатот на ова Влада во 2028 да почнат активностите на терен, а по 7 години, до 2035 година, проектот Чебрен и Галиште да го види светлото на денот. Ова е визијата на Владата која во емисијата Бизнис 21 ја откри заменик-министерот за енергетика Мирослав Лабудовиќ. Вели ставот е тој да е македонски проект и ќе биде македонски бисер во енергетскиот сектор. А ЕСМ веќе преговара со банки за пари. Според првичните проценки би чинел од 1 до 1,5 милијарди евра. Детали не открива, вели ќе има наскоро.

„Во моментот ЕСМ работи и започна со преговори со банки каде што би се добиле поволни кредити, поволни услови и начин на плаќање на таа цела приказна. И во овој период што ќе следи, јас очекувам до крајот на овој мандат на владата и тоа се и напорите и целата ситуација како што оди, дека ние би започнале сериозен чекор во реализацијата на тој проект. Предвидено е проектот да се гради отприлика седум години бидејќи е еден мегапроект“, рече Лабудовиќ.

Според него, проектот во овој момент предвидува изградба на три брани Чебрен, Галиште и Орлов камен, би било пунктно реверзибилна каде би се искористил максимално капацитетот на водата.

Во однос на инвеститорите за дата –центрите за кои имаше реакции во јавноста, Лабудовиќ е дециден дека се преговара, има инвеститори и кога ќе бидат финални преговорите ќе биде презентирано дали е добро или не. Вели секоја инвестиција која носи добро на државата треба да се разгледа- Со пиперки и патлиџани не можеме економија да крепиме- вели тој.

„Секоја инвестиција која носи плус на државата, каде што ни го намалува дефицитот на буџетот, ние да бидеме искрени со пиперки и патлиџани економија не може да крепиме“, рече Лабудовиќ.

Лабудовиќ: Започнат е процес на законски измени кои што ќе овозможат промени во законите за да можат да се изградат такви дата-центри.

ТВ21: А инвеститори имаме?

Лабудовиќ: Сигурно да, штом сме стигнале на овој стадиум да можеме да менуваме закони. Иаку зашто би менувале закон за нешто што не би постоело.

Лабудовиќ е оптимист дека нема да има зголемување на цената на струјата наредната година. Вели моменталната цена на домашната струја е намалена под 100, а ако се земее просек со оглед на тргувањето со струја на ЕСМ бидејќи во моментов цента на берзите е и нула, просекот е околу 70 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: