Челникот на НАТО предупредува на намалувањето на трошоците за одбраната

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен ги предупреди во четвртокот земјите членки дека натамошното намалување на трошоците за одбраната би можело да има негативно влијание врз нивните одбранбени способности, и ги повика да ги зголемат издвојувањето за таа цел кога економски ќе заздрават.

 „Доколку се продолжи со намалувањето на трошоците за одбраната, тоа ќе има негативно влијание врз нашите способности да обезбедиме ефикасна одбрана и заштита на нашето население”, изјави Расмусен пред почетокот на состанокот на министрите за одбран на членките на НАТО кој започна во четвртокот и ќе трае и во петок, а на кој во еден од форматите на состанокот ќе учествува и новиот министер за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери.
На состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО и на земјите-контрибутори во силите ИСАФ во Авганистан, на кој ќе присуствува Џафери, ќе биде разгледуван напредокот поврзан со транзицијата на одговорностите од ИСАФ на Авганистанските национални безбедносни сили, а воедно ќе стане збор и за ангажманот на НАТО во Авганистан по 2014 година.
Расмусен во смисла на намалените издвојувања за одбраната додале дека со подобро планирање и координација може да се постигнат подобри резултати со истите трошоци.
На состанокот во четвртокот беше договорено НАТО во 2015 година да одржи голема воена вежба и да изгради сеопфатна програма за обука и вежби за периодот од 201 до 2020 година, за да се сочуваат и подобрат вештините и способностите.
„Во текот на минатата декада во Авганистан, на Косово и во другите операции, нашите војници научија заедно да работат повеќе од кога и да е претходно. Предизвикот со кој че се соочиме во следната деценија е да ги сочуваме и пренесеме тие вештини, сега кога нашата најголема операција се приближува кон крајот”, рече Расмусен.
Освен финансирањето на одбранбените способности, главна тема на состанокот е и воспоставувањето нова мисија во Авганистан, чија задача ќе биде обука и советување на авганистанските безбедносни сили, кога тие ќе ја преземат одговорноста за безбедноста во земјата, по повлекувањето на сегашната борбена мисија на НАТО кон крајот на 2014 година.
Макфакс
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен ги предупреди во четвртокот земјите членки дека натамошното намалува

Пронајдете не на следниве мрежи: