Челси се расфрла со пари како да е последен преоден рок на светот, па откако дојде новиот газда Тод Боели, сметката за засилувања летоска и на незавршен зимски преоден рок стигна безмалку пола милијарда, а во последните четири години севкупно над 800 милиони евра потрошени пари на фудбалери.
И во најава се уште низа трансфери, за кои „сините“ нема да жалат пари, а цела светска јавност се прашува има ли концепт на „Стемфорд бриџ“ со ова трупање на играчи или пак се купува сѐ и сешто.
Зашто на 11 дена до крај на преодниот рок, нереално делува еден статистички податок. Челси има повеќе од двојно потрошени пари од четирите други најсилни лиги на светот од т.н. „лига петка“.