Челси е активен на јануарскиот пазар, сините денеска го потврдија и ангачманот на Нони Мадуеке кој на Стемфорд Бриџ пристигна од ПСВ Ајндховен.
Мадуеке е 20-годишен фудбалер кој важи за голем талент, тој е офанзивен играч кој претежно игра на десната крилна позиција но може да игра и како централен напаѓач.
„Нони Мадуеке пристигна во Челси од ПСВ Ајндховен, тој потпиша седум ипол годишен договор со опција за продолжување на уште една дополнителна година“, стои во соопштението на Челси.
Англискиот клуб за овој трансфер на ПСВ ќе му плати 35 милиони евра.