Актерот Ченинг Тејтум ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи неколку фотографии на кои позира без маица, покажувајќи голема физичка трансформација.
Имено, на првата фотографија Тејтум го покажа својот сегашен изглед, нагласувајќи дека се врати во форма. Тој позираше во црни боксери и гордо ги покажа своите издлабени мускули.
„Ова е денешниот изглед – 92 килограми“, напиша тој покрај фотографијата. На втората фотографија сподели спомен од времето на снимањето на филмот „Josephine“, кога имал нешто поголема тежина – 106 килограми.
„Ова беше мојата тежина тогаш“, напиша тој во описот на сликата.
За третата фотографија, Ченинг избра слика од времето кога беше многу послаб, со нагласени стомачни. Тој откри дека во тоа време имал 78 килограми и го снимал филмот „Roofman“. Актерот се пошегува дека повеќе нема да ги игра улогите на „дебелите“ ликови бидејќи, како што рече, „премногу ми е тешко на телото, а слабеењето е вистинска борба“.
Тејтум, исто така, изрази благодарност до својот готвач, нутриционист и тренер, нагласувајќи дека нивната помош не само што му овозможила да се трансформира, туку и да ги постигне своите цели поврзани со неговиот физички изглед.
View this post on Instagram
A post shared by Channing Tatum (@channingtatum)
Неговите обожаватели, особено дамите, во коментарите го пофалија неговиот изглед.
„Благодарна сум на твојата генетика“, „Не ми се верува колку е драстична промената“, „Ченинг, ни требаат повеќе фотографии за да ја разбереме целата трансформација“, напишале следбениците.
Покрај посветеноста на новите филмски проекти, Тејтум помина и низ лични промени, вклучително и завршување на свршувачката со Зои Кравиц кон крајот на минатата година. Сепак, актерот брзо си најде нова девојка – манекенката Инка Вилијамс, со која сега е во врска.