Червар: Најдобар балкански тим е Металург

Ракометарите на Металург против данскиот Силкеборг ќе го заокружат настапот во фазата по групи во Лигата на шампиони, во сезоната 2012/2013.Металург со победа на овој натпревар, кој ќе се одигра во арената „Борис Трајковски“ ќе го обезбеди второто место во Ц групата, за полски Киелце, со што во осмина финалето ќе обезбеди полесен противник.Зад македонскиот првак, кој натпреварите во Лигата на шампиони ги започна во квалификациите, во квалификациите ќе останат екипите на Горење, Силкеборг и Шамбери. Успехот од Металург го нарекоа историски, бидејќи ниту една македонска екипа не успеала да да заврши како втор во фазата по групи.„Може да се каже дека оваа година сме најуспешниот балкански клуб, дека стигнавме најдалеку. Овој резултат кој го постигнавме сите заедно, сите во клубот, го постигнавме она што пред три години мислевме дека не може да се постигне. Многу ми е драго што оваа година, втора по ред, сме екипа која примила најмалку голови во Лигата на шампиони“, рече на прес конференцијата тренерот на Металург, Лино Червар.Предводникот на македонскиот првак е внимателен во пресрет на дуелот со Силкеборг, но она што повеќе го загрижува од противникот е здравствениот билтен.„Многу сум внимателен, не барам алиби бидејќи состојбата кај нас е таква што не се сите играчи здрави. Вугринец веќе десет дена е болен, Миркуловски има проблем со препоната и тој тренира под посебен режим.“Червар и покрај проблемите најави дека неговиот тим ќе игра на победа, а не пропушти да подели комплименти на сметка на противникот.„Силкебор исклучително го ценам, во својот состав има четворица играчи кои играа на неодамнешното Светско првенство во Шпанија – голманот Грин, левото крило Мартенс, левиот бек Лауге, кој од следната сезона ќе игра во Кил, Јоргесен кој е среден бек и пикерот Тофт Хансен.“Силкеборг е екипа, како што вели Червар, која во текот на целиот натпревар игра брз центар, на тој начин тие се трансформираат во нападот, што според него може да преставува проблем за неговата екипа, која менува двајца играчи во одбраната.„Ќе мора да ја контролираме играта, ќе мора ние да го диктираме ритамот, а ќе треба и голманите да го дадат својот придонес. Посебно ќе мора да внимаваме на нивните надворешни играчи, Лауге е мотор на тимот, шутираат од сите позиции. Ќе се обидеме со менувањето на одбраната да им се спротивставиме“, рече Червар.Металург и Силкеборг својот натпревар ќе го одиграат во недела, со почеток во 17 часот, извлекувањето на осмина финалните двојки ќе биде во вторник во седиштето на ЕХФ, во Виена.
МакфаксРакометарите на Металург против данскиот Силкеборг ќе го заокружат настапот во фазата по групи во Лигата на шамп

Пронајдете не на следниве мрежи: