Меѓу опасностите кои демнат во океаните и морињата, има и една која се „скрива“ зад интересниот изглед.Станува збор за необичен природен феномен кој претставува опасност и за најискусните капачи – „коцкасти бранови“ или „прекрстени мориња“.Повеќето ги замислуваат брановите како се „тркалаат“ кон брегот, во релативно прави линии. А како би реагирале на глетката на морето „поделено“ како шаховска табла?Дури и искусните пливачи можат да бидат во опасност во одредени услови, а експертите советуваат веднаш да се излезе од водата во случај на „коцкасти бранови“,.Тие изгледаат убаво и се создаваат кога два бранови системи се среќаваат под агол поголем од 45 степени.
Сепак, она што се случува под површината е помалку убаво и може да доведе до несреќи. Водните струи можат да бидат сериозна закана за капачите, сурферите, па дури и за помалите пловни објекти.Овие бранови можат да се формираат за неколку минути и да достигнат висина до три метри, а исто толку брзо можат да исчезнат. Инаку, феноменот обично се поврзува со силни и локализирани плими.Во Франција, јужниот дел на Тихиот Океан, Атлантскиот Океан, како и на други места често се појавуваат „коцкасти бранови“, па затоа внимавајте на нив без разлика каде и да се наоѓате.
Пронајдете не на следниве мрежи: