По повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам македонскиот претседател Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед во Република Македонија, нагласувајќи дека во пресрет на празникот кој го потенцира дарувањето и солидарноста им посакува да го минат во здравје, благосостојба и хармонија, помагајќи им на сите на кои им е потребна помош, поткрепа и безусловна љубов.
– Дозволете да ја искористам оваа можност да Ве повикам и понатаму посветено да работиме на разбирањето и меѓусебното почитување без разлика на верска, етничка или која било друга припадност. Верувам дека со заеднички усилби конечно ќе изградиме едно општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и слободен, пишува во честитката на Пендаровски.