Честитки, „Најдоброто допрва доаѓа“ – Меџити: Конечно ќе се казнува за неспроведување на двојазичноста!

Првиот вице-премиер Изет Меџити денеска на прес-конференција со претседателот на Владата Мицкоски истакна дека конечно ќе се овозможи да се казнува неспроведувањето на двојазичноста.

– Во врска со Инспекторатот на јазици, за среќа помина на собраниска седница Инспекторатот да се преточи во Министерството за правда и да се заврши прашањето со плати бидејќи имаме луѓе кои неколку месеци не добиле плати, а идејата е во втората фаза да почне Инспекторатот за јазици да оди во рамките на Агенција за примена на јазикот, бидејќи кога е донесен е донесен со lex specialis. Исто така, тука има унапредување бидејќи Инспекторатот за јазици беше единствениот кој немаше право на изрекување глоби. Кога еде Инспекторат нема такво право, не е Инспекторат, беше се освен Инспекторат. Сега ќе го пренесеме во Агенцијата за примена на јазиците и ќе има право на изрекување на глоби, вели Меџити.

Пронајдете не на следниве мрежи: