Ако чувствувате дека постојано ви треба храна, важно е да утврдите дали сте навистина гладни или само јадете од досада, навика или од други причини.
Препознавањето и хранењето на вашиот глад не е толку едноставен процес. Според „WebMD“ хормоните на глад во крвта и празниот стомак му сигнализираат на мозокот кога сте гладни. А нервите во стомакот му даваат до знаење на мозокот дека сте сити. Но, веројатно знаете дека тоа не се случува веднаш, може да потрае и 20 минути за мозокот да ја добие пораката.
Обрнете внимание на болката и однесувањето на гладот. Со јадење треба да се прекине кога сте комотно полни, а не кога сте толку полни што едвај можете да се движите и имате чувство дека ќе ви прсне стомакот.
Доколку цело време чувствувате глад, можеби не внесувате доволно протеини
Протеините се неопходни во вашата исхрана. Заедно со мастите и јаглехидратите, протеините се хранливи материи кои обезбедуваат калории. Протеините се како „градежни блокови“ за коските, мускулите, рскавицата, кожата, крвта, ензимите, хормоните и витамините.
Јасно е дека тие прават многу за вашето тело да функционира правилно, вклучително го регулираат и чувството на глад.
Студија од 2006 година во „Cell Metabolism“ откри дека исхраната со висока содржина на протеини го зголемува хормонот кој е одговорен за гладот, наречен пептид. Во студијата се вели дека овој хормон го намалува внесот на храна за една третина.
Друга студија спроведена пет години подоцна, откри дека мажи кои посегнале по диета со повисоки количества на протеин биле не чувствувале толку глад во текот на денот во споредба со оние кои имале нормална диета.
Што се однесува до тоа колку протеини ви се потребни во еден ден, Националната академија за медицина препорачува возрасните луѓе да добиваат нешто повеќе од 7 грама на секои 20 килограми телесна тежина или од 10 до 35% калории дневно, според изворот на храната. Висококвалитетна храна богата со протеини вклучува јајца, урда, пилешко месо, црн грав, јогруст и слично