Четворица заразени со корона вирус, пациенти на Клиниката за инфективни болести, починаа денеска

Четворица заразени со корона вирус, пациенти на Клиниката за инфективни болести, починаа денеска

Двајца  се од Скопје, на возраст од 79 и 63 години. Еден е од Велес на 57 години и 67 годишник од Прилеп.

Дијагностицирани се и нови 26 случаи од корона вирус. Најмногу во Куманово 11, во Скопје 4, Прилеп 3, Тетово 4, Велес 2 и еден случај во Пробиштип.

Со тоа вкупната бројка на заболени сега изнесува 854. Во Скопје има најмногу случаи – 316. За 24 часа направени се само 330 тестирања и веројатно затоа има и малку новооткриени заразени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.