Четворица малолетници фатени со дрога низ Скопје

Четворица малолетници на различни локации во Скопје вчера биле уапсени од страна на полицијата поради дрога.

– На 18.10.2024 година во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

– На 18.10.2024 година, во 14.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана.

– На 18.10.2024 година во 19.50 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, соопштија од полицијата.

– На 18.10.2024 година во 23.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.

Пронајдете не на следниве мрежи: