Четворица од седуммината кандидати за шеф на државата се пријавиле до ДИК, рокот истекува утревечер


Кандидатура за претседател поднел актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Максим Димитриевски од ЗНАМ и Арбен Таравари од поддржан од коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците

На претпоследниот ден од рокот за поднесување на кандидатурите за претседател на државата, до Државната изборна комисија (ДИК) официјално се пријавиле само четворица од седуммината кандидати за шеф на државата кои собраа потписи од граѓаните, информираат од ДИК.

Оттаму велат дека според роковникот на ДИК за претседателските избори, кандидатурите треба да бидат поднесени до утревечер.

Кандидатура за претседател поднел актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Максим Димитриевски од ЗНАМ и Арбен Таравари од поддржан од коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците. 

Потписи за кандидатура за претседател собраа и Гордана Силјановска-Давкова, која е поддржана и со пратенички потписи од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Билјана Ванковска поддржана од Левица и Бујар Османи, поддржан од ДУИ. 

Кандидатурите треба да бидат потврдени од членовите на ДИК и тогаш тие и официјално ќе станат претседателски кандидати. 

Кампањата за претседателските избори ќе започне на 4 април. Првиот круг од претседатеделските избори ќе се одржи на 24 април, а две недели подоцна ќе биде вториот круг заедно со парламентарните избори.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: